„Реми“ на тестовите помеѓу Тиквеш – Шкендија и Пелистер – Работнички

Денеска во Кавадарци, односно во Охрид, беа одиграни два пријателски натпревари, кои завршија со ист резултат 1-1. Станува збор за дуелите помеѓу Тиквеш и Шкендија и помеѓу Пелистер и Работнички.

Тиквеш имаш предност во дуелто против Шкендија со голот на Витао од 22. минута, но предноста ја анулираше Флорент Рамадани во 37. минута од средбата. До крајот на мечот немаше погодоци.

Во мечот одигран во Охрид, Пелистер и Работнички двата гола ги постигнаа во вториот дел. Најпрво Работнички водеше со гол во 53. минута преку Мазари, а седум минути подоцна израмнија битолчани со голот на Масевски.

Се вчитува...