Ракометарките на Тунис и Египет ремизираа (25-25) во последното коло од турнирот „Трофеј Македонија“, со што првото место им припадна на македонските ракометарки.
Нашите ракометарки денеска требаше да играат со Грција, но нашиот јужен сосед поради вирусна инфекција мораше порано да го напушти турнирот во Охрид.
Првото место на турнирот во Охрид е резервирано за Македонија, по што следат Грција, Египет и Тунис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

