Реми на Валенсија и Вилјареал од кое никој не е задоволен (ВИДЕО)

Валенсија и Вилјареал одиграа реми 1-1 во првиот натпревар од денешната програма во 33. коло во шпанската Ла лига.

Од овој бод не можат да бидат задоволни и двата тима бидејќи Вилјареал направи голем чекор назад во борбата за Лигата на шампионите, додека Валенсија се уште ја чека голема и тешка борба во битката за опстанок во шпанската елита.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Џексон во 62. минута, додека конечните 1-1 беа дело на Лино во 72. минута од натпреварот.

 

 

Се вчитува...