Реми на Вардар против српски Напредак

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ремизираше со српски Напредак 2-2 во последниот контролен тест на подготовките во Раденци, Словенија.

Напредак го отвори резултатот по половина час игра, а вториот гол го постигна во самиот финиш на првото полувреме. Во вторито дел Вардар успеа да одигра подобро и на крајот да ремизира 2-2.

Претходно Вардар на подготовките во Словенија славеше над Будуќност (3-0) и Рапид Букурешт (1-0), а загуби од Марибор (5-0) и Олимпија Љубљана (2-0).

Се вчитува...