Ракомеатарите на Висла Плоцк и Магдебург одиграа реми без победник 22-22 во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Гостите подобро го отворија натпреварот и по првите 30 минути игра имаа предност од три гола 9-12. Домаќините заиграа на многу поголемо ниво во второто полувреме и на минута до крајот успеаја да стигна до израмнување 22-22.
Последниот напад за победа го имаше бундеслигашот, но не го искористи, па останаа седум секунди за победа на домаќинот. Косоротов го имаше последниот шут, но ја погоди стативата, што значеше реми (22-22). Дамгард со пет гола беше најпрецизен во таборот на гостите, додека кај домаќините Ловро Михиќ постигна четири.
Вечерва во второто четвртфинале во мегадуелот се среќаваат Кил и Пари Сен Жермен, додека утре на програмата се мечевите Веспрем – Кјелце и ГОГ – Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА