Денеска неколку наши тимови одиграа меѓусебни пријателски натпревари.
Први на сцена стапија Арсими и Скопје кои во главниот град одиграа интересен меч кој заврши нерешено 3-3. По првиот дел Скопје имаше опредност, а потоа во второто полувреме два пати водеше со два разлика (2-0 и 3-1), но на крајот Мурати со два гола го спаси тимот на Арсими од пораз. Стрелци за Скопје беа Игнатов, Хајдари и Тодоров. Првиот гол за Арсими беше дело на Гафури.
Детонит Плачковица во меч одигран во Штип, го совлада составот на Кожуф минимално со 1-0. Стрелец на голот за тимот од Радовиш беше Дарко Алексовски во 36. минута.
Пријателски меч одиграа и Охрид и Победа, во кој охриѓани славеа со 2-1 благодарение на пресврт со головите на Нически и на Размоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА