Реми во Севилја, за Шпанија еднакво на пораз, за Швеѓаните донесе „победничка“ радост

„Црвената фурија“ вечерва го отвори патот на Европското првенство во Севилја против Шведска, а натпреварот во „Ла Картуја“ заврши без голови 0-0. Шпанците промашија неколку одлични можности во првото полувреме и навистина беше изненадување што фудбалската јавност не виде било каков погодок на овој дуел.

Алваро Мората можеби беше главниот кривец за ваквиот исход, тој ги имаше најдобрите шанси за својата селекција, но не успеа да ги искористи па се посрамоти. Најсериозната шанса на мечот ја видовме во 38. минута, а Алваро беше во центарот на вниманието, тој излезе очи во очи со голманот на Шведска, но успеа само да предизвика потсмев откако претходно го промаши целиот гол.

Швеѓаните во вториот дел ја подобрија својата игра, концентрацијата им беше на уште по високо ниво, па успеваа навремено да ги прекинат додавањата на Шпанците и на тој начин не им дозволија да ја применат својата авентична игра.

До крајот на натпреварот репрезентацијата на Шпанија притискаше високо и постојано играше на противничкото поле, сепак, сето тоа беше залудно, бидејќи најдобрите укажани шанси не ги искористија, па Швеѓаните заслужија обезбедија реми кое за нив е еднакво на победа. Голманот на Шведска дефинитивно е херојот за скандинавската земја, успевајќи маестрално да ја спаси својата мрежа и да донесе значаен бод за своите соиграчи во групата Б.

 

 

Се вчитува...