Реми на Германија и Шведска на отварањето на предолимписките квалификациски турнири

Со натпреварот меѓу Германија и Шведска денеска се отворија предолимписките квалификациски турнири, кои според првиот меч ќе бидат вистински празник на ракометот, а по голема шеесетминутна борба двете селекции мораа да се задоволат само со реми (25-25).

Германија одлично го започна натпреварот и ја контролираше играта во првото полувреме по кое замина со минимална предност од 14-13. Швеѓаните одлично возвратија на отварањето на второто полувреме во кое целосно го превземаа водството, а по големата борба на крајот на средбата Германија успеа да го изедначи резултатот во последната минута.

Во „Групата 3“ се уште селекциите на Словенија и Алжир кои својот прв натпревар ќе го одиграат денеска со почеток од 17 часот и 45 минути.

 

Се вчитува...