Леванте успеа да освои важен бод во битката за опстанок во Ла Лига, ремизирајќи на гости против Џирона (1-1). Македонскиот репрезентативец Енис Барди на овој натпревар остана на клупата за резервни фудбалери.
Џирона поведе со голот на Гранел во 54.минута, а израмни Хозе Моралес во 68.минута од мечот. По ова реми, Леванте се наоѓа на 17.позиција на табелата со 28 бода, седум повеќе од Лас Палмас, кој е во опасната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА