Поракј дербито Е. Пелистер и Вардар, вечерва се одиграа уште три натпревари во ракометната Супер лига. Неверојатно е тоа што беа забележани две ремија во Велес и во Кавадарци, и Бутел го совлада тимот на Радовиш.
Бисинов и Тинекс Пролет во Велес одиграа 25-25. За да биде се идентично, и првото и второто полувреме завршија со нерешен резултат. Тоа покажува дека мечот бил крајно неизвесен. Речиси се играше гол за гол во текот на целата средба, со исклучоци кога Тинекс Пролет во вториот дел дојде до +3 (20-23). И во финишот гостите имаа предност од 24-25, но на крајот домашните стигнаа до реми.
Најефикасен беше Таофик кој постигна 12 голови кај гостите, додека кај домашните Илиев постигна осум гола.
Нерешено 26-26 беше и во Кавадарци на дуелот помеѓу Тиквеш и Охрид. Таму домашните имаа предност во финишот, а Охрид успеа да израмни и да избегне пораз.
Најефикасен беше Цицар со 10 гола кај гостите, додека Обина Ани кај Тиквеш постигна седум.
Бутел со 36-21 лесно го победи составот на Радовиш. Предноста од седум гола на полувремето за Бутел, покажа дека Радовиш нема што да бара на оваа средба. Радовишани немаа решение за Узунчев кој постигна седум гола, додека Николов беше стрелец на пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА