Челниците на Реал Мадрид сфатија дека промените се неопходни без оглед како и да заврши оваа сезона, па веќе на големо се најавуваат значителни промени во играчкиот кадар на кралскиот тим во текот на летото.
Ќе има промена на играчите на неколку позиции, а најверојатно Реал ќе бара нов лев бек. Марсело би можел да си замине затоа што одамна го загуби местото во составот, а Ферланд Менди не ги исполни целосно очекувањата, иако на моменти знаеше да има добри игри оваа сезона како прв бек.
Една од желбите на Реал е Серхио Регилон. „Кралевите“ минатото лето го продадоа во Тотенхем за 45 милиони евра, но сега сакаат да го вратат. Тие се свесни дека продажбата е грешка, исто како што беше случајот со Тео Хернандез, кој прикажува одлични игри во Милано.
Двајца други играчи кои го привлекоа вниманието на Мадрид, се Фран Гарсија, крилен напаѓач кој во моментов е на позајмица во Рајо Ваљекано и Мигел Гутиерез, кој моментално игра во Кастилја.
Реал во моментов е втор во Ла Лига, а по победата над Алавес му се приближи на водечкиот Атлетико на само четири бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

