Рен до херојски триумф над ПСЖ (ВИДЕО)

Рен му нанесе тежок удар на ПСЖ, правејќи го овогодинашното првенство во Франција уште поинтересно, со оглед дека во минатите години „Светците“ беа неприкосновени владетели со Лига 1. Вечерва домашниот тим целосно го надигра и го порази францускиот и европски првак со 3-1, со што уште еднаш се покажаа оправдани сомнежите за квалитетот на тимот во оваа сезона.

Уште во 6. минута Рен се закани откако Лепал ја погоди стативата. Меѓутоа во 34. минута таа среќа ја немаше ПСЖ, откако Тамари со помош на левата статива погоди во мрежата на гостите.

На стартот на вториот дел уште една одлична шанса за Рен. Нордин шутираше за малку крај голот, а во 69. минута 2-0 за домашните. Лепол ја собра топката од Шумански и со глава успеа да го матира Сафонов за зголемување на предноста. 

Сепак, ПСЖ се врати во 72. минута откако ПСЖ намали преку Дембеле, по одличната асистенција на Хакими. 

Конечната надеж за победа на ПСЖ згасна во 81. минута. Биас додаде до Емболо кој лесно постигна гол и зголеми на 3-1. Иако ПСЖ имаше шанси во финишот да намали, сепак не успеа до тоа.

Се вчитува...