Искусниот српски фудбалер Немања Матиќ има проблеми со својот клуб. Србинот наводно не сака да игра за клубот, поради тоа што не му биле исполнувани ставките од договорот околу школувањето на неговите деца.
Матиќ дури размислува да ја заврши кариерата ако клубот не му дозволи да си замине, а сега по тој повод се огласи и Рен од каде кажаа дека однесувањето на Матиќ е целосно неразибрливо.
„Такво однесување е во целост неразибрливо, особено кога доаѓа од искусен играч кој има договор до 2025 година. Клубот истакнвуа дека секој услов неопходен за интеграција на Матиќ и неговото опкружување е исполнет со најголема транспарентност. Рен секогаш се труди на своите играчи, особено на странците, да им обезбеди најдобри услови да го покажат својот потенцијал на теренот. Рен сега го чека објаснувањето од фудбалерот и одлучни сме да ги преземеме сите потребни мерки за да ги заштитиме нашите интереси“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА