За новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Гостивар повторно во своите редови го врати Ренато Димитриевски.
По две сезони надвор од дома, 33-годишниот Димитриевски повторно се враќа во Гостивар. Изминатава сезона успешно настапуваше во редовите на Куманово, а претходно во својата кариера има настапи и за Пелистер, Охрид Лихнидос, Т-Баскет.
„Со добро познатата енергија, борбеност и љубов кон клубот, тој се враќа да помогне во новата сезона и повторно да ја запали атмосферата во ‘Младост’“ – информираа од КК Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

