Ренџерс до навивачите: Мора да престанете да го загрозувате клубот

Шкотскиот Ренџерс денеска ќе ја пречека полската Легија во реваншот од последното квалификациско коло за пласман во Лигата на Европа, а дел од трибините на стадионот ќе бидат затворени поради казната која клубот ја доби од УЕФА поради песните кои ги пееле навивачите на мечот со Сент Џозеф. Клубот упати јасна порака до сите кои сметаат дека расистичките повици и недоличното однесување го сметаат за навивање.

„Навивачите кои се одговорни за делумното затворање на трибините на стадионот мораат да сфатат дека со тоа го уништуваат клубот. Доколку се случи и утре некој инцидент, тоа може да значи дека следниот меч ќе мора да го играме пред празни трибини. Истото се однесува и на тие што испратија расистички повици минатата седмица во Варшава. Поради тоа исто така решивме да ја информираме УЕФА дека за следното гостување нема да бараме влезници. Ваквото однесување нема место на било кој стадион на кој игра Ренџерс. Тие кои што се однесуваат така го загрозуваат реномето на клубот кое е градено со години“, стои во соопштението од клубот. 

Околу 3.000 места ќе бидат празни на реванш дуелот со Легија, а првиот натпревар во Варшава заврши без победник 0-0.

Се вчитува...