Ренџерс e последниот патник во полуфиналето од Лига Европа

Ренџерс е последниот патник во полуфиналето од Лига Евопа откако по продолженија славеше против Брага со 3-1, анулирајќи ја негативата од еден гол по првиот натпревар одигран во Португалија. Со тоа шкотскиот клуб им се приклучи на Лајпциг, Ајнтрахт Франкфурт и Вест Хем меѓу најдобрите четири тима во првенството.

Таверниер ја анулираше негативата од еден гол уште во 2. минута од мечот, а откако Брага остана со играч помалку во 42. минута, две минути подоцна истиот играч донесе и „двојна предност“ реализирајќи пенал. Кога се чинеше дека домаќините ќе приредат мирен финиш на мечот, Кармо го врати португалскиот тим во игра со гол во 83. минута па натпреварот продолжи во дополнителни 30 минути.

Руфи во 101. минута донесе предност од 3-1 за Ренџерс, а по вториот жолт картон на Медеирос во 105. минута беа решени дилемите за победник.

 

Се вчитува...