Ренџерс го доби големото дерби на Глазгов против Селтик во шкотската Премиерлига, триумфирајќи со 1-3 во 20. коло и на тој начин бодовно се израмни со најголемиот свој ривал.
Во натпревар со многу возбудувања, Селтик поведе со голот на Јанг Хјун-Јун во 19.минута од средбата.
Но, во второто полувреме следеше целосен пресврт. Чермити со головите во 50. и во 59.минута донесе водство од 1-2 за Ренџерс, а Мур во 71.минута ги постави конечните 1-3.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се врати во тимот по повредата, но влезе во игра во 92. минута од средбата, одигрувајќи ги последните неколку минути од судиското продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

