Поранешниот голман на германската репрезентација, Рене Адлер, заминува од Хамбургeр како слободен играч во редовите на Мајнц. Искусниот 32-годишен чувар на мрежата потпиша двегодишен договор со својот нов клуб.
„Сметам дека овој трансфер го направив во вистинско време. Се надевам на успешна сезона со тимот на Мајнц. Ми се допаѓа овој проект и мило ми е што ќе бидам дел од него во следните две години“, изјави Адлер.
Тој од 2012 година е член на Хамбургер, претходно ги бранеше боите на Баер Леверкузен. За двата клуба има одиграно вкупно 255 натпревари, додека за националниот тим на Германија забележа 12 настапи.
https://twitter.com/Mainz05en/status/877911723692445697?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.bundesliga.com%2Fen%2Fnews%2FBundesliga%2Fmainz-sign-former-germany-goalkeeper-rene-adler-447203.jsp
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА