Рено заминува од Формула 1

Рено ќе ја заврши својата програма за производство и развој на мотори во Формула 1 во 2025 година, потврди компанијата. Оваа одлука значи дека тимот на Рено Алпин веќе во 2026 година ќе мора да купи мотор од друг производител, а тоа се очекува да биде Мерцедес.

Во иднина, фабриката на Рено каде што се произведуваа моторите за Формула 1 ќе биде посветена на развојот на електромотори и батерии, како и на останатите активности на Рено во мотоспортот.

Оваа одлука ќе го означи крајот на 50-годишната традиција. Рено беше пионер во развојот на турбо мотори во Формула 1 почнувајќи од 1977 година. Оттогаш, Рено континуирано произведува мотори за болиди во Формула 1, со прекин во периодот од 1998 до 2000 година.

Се вчитува...