Ренова е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија откако на реванш дуелот со второлигашот Тиквеш во Тетово одигра 1-1. Со вкупен резултат од 3-1 „гипсарите“ си обезбедија место меѓу најдобрите осум екипи во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Тиквеш дојде до предност со голот на Илиески во 22. минута, а Ренова израмни за конечни 1-1 во 85. минута со голот на Адеми.
Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија Шкендија, Академија Пандев, Брегалница, Работнички, Шкупи, Струга ТЛ и Лабуништа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА