Ренова го претстави Сенад Хусиќ, засилување за левата бековска позиција

Македонскиот прволигаш Ренова се засили со босанскиот интернационалец Сенад Хусиќ. Тој доаѓа од косовскиот тим Лапи и игра на левата бековска позиција. 30-годишниот Хусиќ треба да биде решение за „гипсарите“ по заминувањето на Фисник Зука.

Во минатото бил интернационалец и во Шведска и во Унгарија, а во БиХ има настапувано за Челик, Железничар и за Звијезда.

Ренова во текот на денешниот ден потпиша нови договори со голманите Хадис Велии и Валон Незири, претходно и со напаѓачот Ремзифаик Селмани. Тимот на Бујар Ислами на 14.јули ќе почне и со одигрување пријателски натпревари, а прв тест ќе биде Вардар Форино. Ренова се подготвува за настап во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...