Ренова го промовираше и третото засилување, повратникот Вулнет Ислами

Ренова го промовираше и третото засилување за пролетниот дел од сезоната, голманот Вулнет Ислами.

25-годишниот Ислами, кој потекнува од школата на „гипсарите“, повторно се враќа во својот клуб по едногодишниот настап за Дрита Боговиње.

Претходно, Ренова се засили и со досегашниот фудбалер на Шкендија, Арлинд Алити како и колумбискиот напаѓач, 23-годишниот Џон Еди Мена Перез.

Се вчитува...