Ренова го промовираше Сулејман Кулибали

Македонскиот прволигаш Ренова го промовираше интернационалецот Сулејман Кулибали. Тој треба да ја засили конкуренцијата во одбраната, со оглед дека игра на левата бековска позиција, но и како стопер. Кулибали во Ренова дојде од косовскиот клуб Дреница, а претходно бил член на неколку француски нисколигаши.

Прволигашот денеска исто така го потврди и трансферот на Сухел Муареми кој доаѓа од редовите на Шкупи. Ренова покрај настапот во домашниот шампионат ја очекува и меч против хрватскиот Хајдук во второто коло од квалификациите во Лигата на Европа.

 

 

 

Се вчитува...