Фудбалерите на Шкендија не успеаја на терен да ја совладаат Ренова во првиот меч од полуфиналето од Купот на Македонија, а тетовци веднаш по последниот свиреж остро протестираа кај судијата Јосип Бартон.
Причина беше неговиот чуден критериум за судиското продолжение, откако Бартон покажа само три минути иако гостинските фудбалери во бројни наврати лежеа на теренот и бараа лекарска помош, воедно беа искористени и сите замени, а Ренова го промени и голманот во текот на второто полувреме. Згора на тоа, половина од овие три минути играта беше во прекин поради повреда на еден играч на „гипсарите“, но Бартон не продолжи ниту секунда, па со последниот свиреж предизвика бурна реакција најпрвин од фудбалерите, а потоа и од членовите на стручниот штаб на тетовскиот клуб.
Во првото полувреме исто така гостинските играчи во неколку наврати бараа лекарска помош, во еден момент играта беше во прекин откако самиот Бартон се повреди и мораше да побара помош од физиотерапевтите, но сепак не го продолжи времето за игра за ниту една минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА