Фудбалерите и стручниот штаб на Ренова се негативни и на вториот тест на Covid-19 откако дел од нив минатиот месец беа заболени од коронавирусот. Тетовскиот прволигаш по ова може да се посвети на работата размислувајќи за почетокот на новата сезона во Првата лига.

„Во текот на денешниот ден ги добивме резултатите од вториот тест на Covid-19 и можеме да објавиме дека сите тестови се негативни. Во наредните денови ќе се посветиме на трансферниот преоден рок и на почетокот на подготовките за новата сезона“, објавија од Ренова.
Засега е јасно дека Бојан Миовски ја напушти Ренова и се пресели во унгарскиот прволигаш МТК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

