Ренова промовираше три нови имиња: Ремзифаик Селмани најзвучно засилување (ФОТО)

По продажбата на својот најдобар фудбалер од минатата сезона, Ренова стартуваше со континуирано засилување на своите редови за новата сезона.

„Гипсарите“ промовираа три нови имиња како засилување во летниот преоден рок од кои најзвучно е офанзивецот Ремзифаик Селмани кој минатата сезона настапуваше како позајмен на косовскиот прволигаш Љапи.

Ренова се засили и со двајца фудбалери од кичевски Велазерими, 25-годишниот голман Валон Незири како и 19-годишниот десен бек, Алтин Сефо.

Се вчитува...