Ренова ги договори првите три пријателски натпревари за време на зимските подготовки.
По стартот на подготовките, тимот на Ќатип Османи првата контрола ќе ја има против Работнички на 24. јануари. Само два дена подоцна „гипсарите“ ќе тестираа во Тетово против Дрита од Боговиње, по што следи втората фаза од подготовките која ќе се реализира во Охрид.
На 3. февруари во Охрид закажан е дуелот со второлигашот Охрид, а за време на подготовките покрај охридското крајбрежје договорени се уште неколку пријателски средби.
Првиот натпревар во пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига Ренова го игра против Беласица во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

