Ренова ремизираше без голови против Јавор

Македонскиот прволигаш Ренова продолжува со тестирање на формата на зимските подготовки. Денеска „гипсарите“ ги одмерија силите со српскиот тим Јавор од Ивањица и мечот заврши без голови.

По одличната ефикасност што ја покажаа на тест – дуелот со Велазерими (5-0), на денешниот натпревар сепак реализацијата не беше добра страна на тимот на Влатко Костов. Иако и двете екипи имаа неколку убави можности, на крајот сепак мечот заврши без победник и без постигнат гол.

 

Се вчитува...