Ренова ремизираше без голови против Лабуништа во Охрид

По двете претходни победи на подготовките покрај охридското крајбрежје, Ренова денеска ремизираше без голови со второлигашот Лабуништа.

На стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, „гипсарите“ одиграа главно рамноправен натпревар со  екипата на Лабуништа која се покажа како повеќе од цврст противник.

Претходно, како што е познато Ренова славеше против Гостивар со убедливи 4-0, а првата победа во Охрид избраниците на Никола Илиески-Џиџи ја запишаа против албанскиот второлигаш Деволи со 4-2.

Се вчитува...