Ренова одигра пријателски натпревар без победник (1-1) со второлигашот Беса во рамките на подготоките за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
„Гипсарите“ на мечот во Тетово повеле, но Беса со голот на Белули успеа да дојде до конечни 1-1.
Беса во пролетниот дел од сезоната од клупата ќе биде предводена од поранешниот асистент во стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација, Џенгис Реџепи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

