Со самиот старт на подготовките за пролетниот дел од шампионатот, Ренова се ослободи од пет фудбалери од досегашниот прв состав.
„Гипсарите“, како што официјално информираат, се одлучија да се разделат со Валон Незири, Артан Велију, Арменд Алиу, Алтин Сефо и Сулејман Кулибали.
Досега нови фудбалери на Ренова се досегашниот фудбалер на Шкендија, Арлинд Алити како и колумбискиот напаѓач, 23-годишниот Џон Еди Мена Перез.
Првиот дел од подготовките составот на Ќатип Османи ќе го мине во Тетово, а финалната фаза од подготовките во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА