Ренова го договори и четвртото засилување за пролетниот дел од сезоната, младинскиот репрезентативец Влатко Стојановски кој доаѓа од редовите на хрватскиот РНК Сплит.
20-годишниот Стојановски се договори за двегодишна соработка со Ренова, откако се одлучи на завршување на соработката со Сплит. Претходно младинскиот репрезентативец во домашното првенство настапуваше за Каменица Саса и за Металург од каде во 2016 година се пресели во Хрватска.
Влатко Стојановски, кој игра во офанзивната линија a e стандарден член на актуелната младинска селекција на Благоја Милевски, денеска го постигна и својот прв гол за прволигашот од Џепчиште во триумфот од 5-0 против второлигашот Велазерими.
Како што е познато, претходно Ренова се засили со Дејан Цветаноски, Дарко Стојанов и Бразилецот од Пелистер, Фернандо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА