Поранешниот фудбалер на дански Херлев, Миран Максути е нов фудбалер на Ренова засилувајќи го тимот на „гипсарите“ за новата сезона.
24-годишниот Максути, кој игра на левокрилната офанзивна позиција, се договори со Ренова на едногодишна соработка, а доаѓа од косовскиот прволигаш Кек. Максути повторно се враќа меѓу „гипсарите“ ако се знае дека настапуваше за тимот од Џепчиште во 2013 година.
Во својата кариера има настапи и за Шкупи како и за Лапи во косовскиот шампионат.
Ренова во новата сезона ќе биде предводена од новоназначениот шеф на стручен штаб, Јетон Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

