Ренова триумфираше против Јагодина, деби гол на Еди Перез

Фудбалерите на Ренова триумфираа со 2-1 против српскиот Јагодина на пријателскиот натпревар во Охрид.

Селмани беше стрелец на првиот погодок за „гипсарите“, а вториот беше дело на колумбиското засилување Џон Еди Мена Перез.

Како што е познато, претходно Ренова на првиот тест зимава славеше и против второлигашот Дрита Боговиње.

Се вчитува...