Ренова загуби од Кораб на последниот тест во Охрид

Фудбалерите на Ренова доживеаја пораз на последниот пријателски дуел за време на зимските подготовки во Охрид.

На стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, „гипсарите“ загубија со 0-1 од второлигашот Кораб од Дебар. Стрелец на победничкиот гол за Кораб беше Ујкан Муча во 57. минута од средбата.

По овој натпревар, веќе од понеделник Ренова подготовките за стартот од пролетниот дел на шампионатот ги продолжува во својата база во Тетово.

Се вчитува...