Ренова загуби од Мачва (2-3) на последниот тест во Охрид

Ренова загуби од српскиот суперлигаш Мачва од Шабац со 2-3 на последниот свој тест за време на подготовките во Охрид.

На стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, „гипсарите“ беа рамноправен противник со Србите, но дозволија поразо во финишот од средбата. Стрелци на головите за тимот на Влатко Костов беа Валмир Нафиу и новото засилување Влатко Стојановски.

По овој пријателски натпревар Ренова се враќа во Тетово каде ќе биде завршена последната фаза од подготовките пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.

Се вчитува...