Фудбалската репрезентација на Македонија направи неверојатна сензација совладувајќи го актуелниот европски шампион Италија со 0-1 во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.
Херој за Македонија е Александар Трајковски кој го постигна голот за победа во 92. минута. По завршувањето на мечот славјето можеше да започне, а „Енцо Барбера“ беше обоен во „црвено-жолто“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА