Репрезентативец на Авганистан е најново засилување за Воска спорт, ново име и Црногорецот Вуковиќ

Репрезентативецот на Авганистан, Хабибула Аскар е најновото име во редовите на Воска спорт за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

28-годишниот Аскар, кој игра во дефанзивната линија, има и шведско државјанство а досега во кариерата настапувал за повеќе нисколигаши во Шведска, Берга и Ариана, но и екипата на Атвитаберг. За селекцијата на Авганистан има четири настапи во квалификациите за СП 2022.

Ново засилување за Воска е и црногорскиот крилен напаѓач Милош Вуковиќ.

Претходно тимот од Охрид потпиша и со нигерискиот интернационалец Амос Дадет кој доаѓа од Ал Завра од Ирак, како и со Овен Макоангу од португалска Гувеа. Станува збор за канадски државјанин. Дадет игра на позицијата последен играч за врска, додека Макоангу е десен бек. На тимот на Воска му се приклучи и левиот бек Билал Исени, кој дојде од академијата на Хамшик од Словачка.

Се вчитува...