Поранешниот репрезентативец на Холандија, Квинси Промес кој важеше за еден од најголемите фудбалски таленти од оваа земја е осуден на вкупна казна од седум и пол години поради недозволена трговија со дрога и наркотични средства.
Промес, кој е дел од бројни скандали изминативе четири години, најпрво доби 18 месеци затворска казна откако го прободе со нож својот братучед во 2020 година, а сега холандскиот суд од Амстердам на нив додаде уште шестгодишна затворска казна, откакоучествувал во шверц на неверојатни 1300 килограми кокаин.
32-годишниот, се уште актуелен, фудбалер најпрво ги негирал обвиненијата, но Обвинителството од Холандија докажа дека учествувал во шверцот на недозволени супстанци од Холандија кон Белгија кои требало да завршат во Антверпен.
Поранешниот фудбалер на Ајакс и Севилја, сепак се чини ќе ја избегне засега затворската казна затоа што во моментов игра за Спартак Москва, а престојот во Русија му гарантира слобода затоа што оваа земја нема договор за екстрадиција со Холандија.
Како што пренесуваат холандските медиуми, Квинси се чувствувал максимално мирно и сигурно во Русија и не планира да ја напушти оваа земја. Како што самиот нагласувал, не планира да одлежи ниту еден ден од казната од 7,5 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

