Репрезентативец на Панама убиен во вооружана престрелка

Фудбалскиот репрезентативец на Панама, Гилберто Хернандез е убиен во вооружана престрелка во тамошната покраина Колон, потврди неговиот клуб Индепедиенте. Дваесетишестгодишникот е жртва на напаѓач кој рани осум луѓе.

Хернандез кој ја покриваше стоперската позиција целата своја кариера ја помина во Панама, а неодамна играше и против Лео Меси во Буенос Аирес во првиот репрезентативниот натпревар откако Аргентина стана светски шампион.

Се вчитува...