Фудбалскиот свет го тресе сериозен скандал, откако репрезентативецот на Мартиника, 30-годишниот Жан-Емануел Недра бил уапсен на аеродромот „Шарл Де Гол“ во Париз поради шверц на дрога, јавува „Ле Паризиен“.
Францускиот медиум пренесува дека Недра бил заедно со девојката во миговите кога бил уапсен, а во неговите куфери биле пронајдени дури 100 килограми кокаин. Сето ова се случувало воочи новогодишната ноќ, а од 1. јануари парот се наоѓа во притвор, а локалните медиуми јавуваат дека бил изнесен пред истражен судија, и набрзо пуштен.
„Без знаење за неговиот степен на вмешаност, дознавме дека еден од нашите играчи е уапсен поради шверц на дрога. Ајде да бидеме посилни од некогаш, обединети и да продолжиме со работа низ спортот да се бориме против овие пороци“, се вели во соопштението на клубот на Недра, Аиглон ду Ламентена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

