Актуелниот репрезентативец на Македонија и член на Струга ТЛ, Бојан Илиевски е пред промоција во Вардар. Тој треба да биде ново засилување за „црвено-црните“ за новата сезона, и да биде втората „бомба“ после Давид Бабунски кој вчера го стави потписот на договорот со актуелниот освојувач на Купот.
26-годишниот дефанзивец, кој игра на позицијата десен бек и стопер, има уште една година од договорот со Струга ТЛ, но лесно може да се случи да го облече „црвено-црниот“ дрес. Во минатото Илиевски настапуваше за Пелистер, Македонија ЃП и Работнички.
Илиевски во последно време се наметна како сериозна опција во националниот тим на Македонија, и се повеќе добива шанса од Благоја Милевски во репрезентативните настапи. Тој е повикан за натпреварите со Саудиска Арабија во Прага и за Лихтенштајн во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

