Новиот грчки прволигаш Кифисија од Атина, ќе биде новиот клуб на македонскиот репрезентативец Давор Здравковски. Здравковски го напушта тимот на АЕЛ каде што беше и капитен, и откако му истече договорот се реши да бара нова средина.
За него имаше интерес и од неколку клубови од Кипар, Србија и Унгарија, но тој се реши да продолжи во Грција.
Кифисија е клуб кој постои 11 години, и ова ќе му биде деби на прволигашката сцена во јужниот сосед. 25-годишниот поранешен младински репрезентативец во минатото настапуваше за Македонија ЃП од каде во 2017 година замина на Кипар, и се наметна како еден од најдобрите играчи на АЕЛ Лимасол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА