Повремениот македонски репрезентативец Валмир Какруки ги засили редовите на прволигашот Чаир до крајот на сезоната.
КК Чаир и официјално денеска го промовираше 23-годишниот крилен играч како свое најново засилување. 202-сантиметри високиот Какруки треба да биде квалитетно освежување за Чаир до крајот на сезоната.
Какруки изминативе две години беше дел од косовската Суперлига, најпрво настапувајќи за Сигал Приштина и последнава година и за Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА