Репрезентативецот Костески, по пауза од шест месеци, се врати на тренинзите на Е. Пелистер (ФОТО)

Убава вест за Пелистер и за македонската репрезентација! Репрезентативецот Ненад Костески, по паузата од шест месеци поради повреда, се врати на тренинзите на клубот.

Битолчани информираа дека Костески повторно е во тренажен процес откако пред шест месеци го скина предниот вкрстен лигамент па беше подложен на хируршка интервенција.

По долгиот рехабилитациски процес, репрезентативното крило сега повторно се враќа во ритам.

Се вчитува...