Македонскиот репрезентативец Јован Манев, сега член на турскиот суперлигаш Адана Демирспор, не го заборава својот клуб.
Двата дена слободни од активностите во Адана, Манев ги искористи за одмор дома, и сега посета на својот поранешен клуб Брегалница каде ја доби најголемата своја фудбалска афирмација пред да се пресели во Турција. Своето едноставно не се заборава…
Манев денеска ги посети поранешните соиграчи од Брегалница, следејќи го и тренингот на тимот на Градскиот стадион во Штип. Се разбира, и посакувајќи успех на утрешниот натпревар од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига против Шкупи во Чаир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА