Репрезентативецот на Јужна Кореја пуштен од затвор

Репрезентативецот на Јужна Кореја, Сон Џун Хо кој помина речиси година дена во притвор во Кина по оптужба за подмитување е ослободен и вратен дома, соопшти Министерстовото за надворешни работи на Јужна Кореја без да даде детали дали се докажани оптужбите против него.

Сон кој настапуваше за Шандонг Тајшан и го освои кинеското првенство во 2021 година беше приведен од кинеската полиција во мај минатата година на аеродром во Шангај поради сомнеж за примање на мито за местење на натпревари.

Се вчитува...