Македонскиот репрезентативец во одбојка Стојан Илиев, е првото летно засилување за Одбојкаскиот клуб Штип УГД. 26-годишниот Илиев игра на позицијата примач и е висок 190 сантиметри.
Во својата кариера има настапувано за ОК Струмица, потоа во ОК Вардар, ОК Осијек (Хрватска), Каламата 1980 (Грција), Залау (Романија), Хапоел Кфар Саба (Израел), Еносис Анагениси (Кипар) и ОК Марсонија (Хрватска), од каде што доаѓа во таборот на штипскиот клуб.
Тој беше дел од селекцијата на Македонија на последните настапи во Европската златна лига.
„Стојан Илиев е одлично и звучно одбојкарско име, кое одлично ќе се вклопи во конституирањето на новиот ростер на нашиот клуб за претстојната сезона, во која ќе имаме и европско деби, односно ќе настапиме во ЦЕВ Челинџ купот.“, стои во објавата на Штип УГД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

