Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот изминатиов викенд учествуваше на силен меѓународен турнир што се одржа во Италија. Нашите млади фудбалерки имаа добар настап и го освоија второто место на контролниот турнир.
Во првиот натпревар против домаќинот Италија загубија со убедливи 5-0, за да во вториот меч против БиХ одиграат одличен меч за триумф од 2-1. Стрелци на погодоците на овој натпревар беа Ева Величковска и Анастасија Илиевска.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, на меѓународниот контролен турнир во Италија настапи со следните фудбалерки:
Голмани: Мартина Силјаноска (Атлетико), Ведрана Комненова (Скопје);
Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Мина Ковачевска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Јована Павловска (Деспина), Јована Петровска (Атлетико);
Среден ред: Ева Конева (Скопје), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Деспина), Ива Јосифова (Тиверија), Ева Величковска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје);
Напад: Ана Боризоска (Деспина), Настасја Накова (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина), Сара Дика (Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (Скопје).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА