Поранешната англиска фудбалска репрезентативка, Алекс Скот секојдневно е жртва на сексуално злоставување. Неумесните пораки преку социјалните мрежи таа ги добива затоа што работи како аналитичарка за фудбал на неколку големи британски телевизии.
34-годишната Скот има 140 настапи за репрезентацијата, се пензионираше во 2017 година, а минатото лето првпат почна да работи како експерт на Би-Би-Си за време на Светското првенство во Русија. Потоа постојано е во анaлитичките тимови на британскиот национален сервис и на Скај спортс. Таа е првата жена што анализира во специјализирани фудбалски емисии на спортскиот канал.
„Размислував да се повлечам од социјалните мрежи. Но, потоа сфатив дека така им дозволувам да победат. Кога на мене нема да гледаат како на жена туку како на експерт за фудбал, тогаш ќе постигнеме нешто“ – изјави Скот раскажувајќи за секојдневните малтретирања.
Алекс Скот за Англија играше на три светски и на четири европски првнества. Постигна 12 гола. Кариерата ја заврши во Арсенал, клубот за кој играше во два наврати и има 148 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА